ДУИ со повик до САД, НАТО, ЕУ, Албанија и Косово: Итно да реагираат за опасноста која му се заканува на Охридскиот договор

November 17, 2024
1 min read

Демократската унија за интеграција (ДУИ) предупреди за најголем удар врз мултиетничкиот карактер на државата, со одлуката на Уставниот суд за преиспитување на Законот за јазиците.

„Додека се наближува денот на одлуката на Уставниот суд за преиспитување на Законот за јазиците, Демократската унија за интеграција (ДУИ) уште еднаш предупредува дека ова ќе биде најголемиот удар врз мултиетничкиот карактер на нашата држава.

Таквата одлука би претставувала последниот клинец во ковчегот на Охридскиот рамковен договор и директна закана за меѓуетничката хармонија што ја гарантира овој договор.

ДУИ упатува апел до меѓународната заедница, САД, НАТО и ЕУ како гарантори на Охридскиот договор, до граѓанското општество, како и до Република Албанија и Република Косово, итно да реагираат против оваа опасност која му се заканува на духот и достигнувањата на Охридскиот договор.

Не можеме и не смееме да дозволиме самиот темел на мировниот договор да биде доведен во прашање. Ова е линија што не треба и не смее да се премине!

Албанците се длабоко вознемирени и разочарани од овие обиди да се врати државата назад, во време кога заедничката цел треба да биде напредок кон праведно и инклузивно општество.

Демократската унија за интеграција ќе ги искористи сите демократски и меѓународни механизми за да ја спречи оваа опасна одлука и да ги заштити правата на Албанците и на сите граѓани на државата. Темелот на мирот и соживотот не е само договор на хартија; тој е гаранција за нашата заедничка иднина.

ДУИ останува решена да ја брани оваа линија со сите демократски и законски средства. Секој обид за нарушување на правата, стекнати со големи жртви, ќе се соочи со најостро противење од секој граѓанин кој верува во мир, правда и еднаквост!“, велат од ДУИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андонис Самарас исклучен од Нова демократија

Следно

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop