Десет бебиња загинаа во пожар што избувна во болница во Индија

1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку десет бебиња загинаа во пожар што се случи во болница во индиската држава Утар Прадеш, известува Анадолу.

Пожарот избувнал во Одделот за интензивна нега на новороденчиња на болницата Медицинскиот колеџ Џанси во градот Џанси.

Претставник на здравството, Сачин Махор за новинарите изјави дека на одделот за интензивна нега имало повеќе од 50 бебиња, од кои десет загинале во пожарот.

Премиерот на Утар Прадеш, Јоги Адитјанат, наредил операциите за помош и спасување да се спроведат како во воени услови, ставајќи ги на располагање сите јавни услуги.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади, познати неговите членови

Следно

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Latest from Blog