Претседателот на СДА Санџак, др. Сулејман Угљанин и претседателот на СДА Македонија, г-дин Џелал Хоџиќ, одржаа работна средба со членови на претседателствата на политичките партиите, во Скопје.
Главна тема на работната средба беше подобрување на статусот и позицијата на Бошњаците во регионот.
На средбата се анализраше статусот и положбата на бошњачкиот народ во државите на територијата на поранешна СФРЈ, развојот на демократските процеси, како и владеењето на правото.
Посебен акцент беше ставен на важноста на европската и евроатлантската интеграција на државите во регионот од Западен Балкан.
Остварувањето на правата на Бошњаците во согласност со Уставот и законите на земјата во која живеат Бошњаците е од исклучителна важност за зачувување и унапредување на бошњачкиот национален идентитет. Според тоа, на средбата беше заклучено дека е неопходно да се зајакне и поттикне образованието на бошњачките деца на босански мајчин јазик и едукација на наставниот кадар за оваа цел. Како позитивен пример е истакнат Универзитетот во Приштина, каде што постои Катедра за босански, хрватски и српски јазик.
Раководствата на СДА Македонија и СДА Санџак ја поздравија одличната соработка помеѓу двете политички партии и се договорија да се интензивираат средбите и координацијата во пресрет на политичките предизвици во регионот.
ИЗВОР: ТВ 21