Туркије: Болничките соби полни со играчки за децата кои ги преживеаја земјотресите

February 16, 2023
1 min read

АДАНА (АА) – Болничките соби во јужна Туркије се полни со играчки за децата кои минатата недела преживеаја два земјотреси, јавува Анадолу.

Лекарите волонтери во Адана се обидуваат да ги излекуваат децата не само со медицински интервенции туку и со психолошка поддршка.

Серафетин Демир, лекар во градската болница во Адана, на социјалните мрежи започна кампања за собирање играчки, која привлече големо внимание.

„Сакавме малку да ги оддалечиме нашите деца од болничкото опкружување. Можеби нема да можеме да им ја намалиме болката, но ќе бидеме многу среќни ако малку заборават“, вели Демир.

Како што рече тој, во болницата пристигнале балони, кукли и разни други играчки. Среќата на децата го подигна и моралот на лекарите кои работеа со нив.

Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија 11 области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради.

Во моментов на терен работат повеќе од 253.000 члена на тимовите за пребарување и спасување. Вкупно 216.347 лица се евакуирани од регионите во Туркије погодени од земјотресот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО се откажа од истрагата за потеклото на Ковид

Следно

Жените на протест пред МВР: Не сме безбедни

Latest from Blog

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој
Go toTop