(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

August 1, 2026
1 min read

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На критиките им се приклучи и администрацијата на Доналд Трамп. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека сликите што пристигнуваат од Сеута се впечатливи и дека повторно покажуваат оти неконтролираната илегална миграција претставува конкретна закана за безбедноста на европските граници.

„Италија нема само да стои и да гледа. Подготвени сме да интервенираме за да ги одбраниме границите и безбедноста на граѓаните, вклучително и суспензија на Шенгенската зона со Шпанија“, изјави конзервативната италијанска премиерка, која го поддржува исклучувањето на Шпанија од Шенген-зоната.

Критики пристигнаа и од Финска. Тамошната министерка за внатрешни работи, Мари Рантанен, рече дека Шпанија целосно потфрлила во заштитата на надворешните граници на Шенген-зоната и ги повика сите влади да му се приклучат на барањето на Мелони. „Земјите што не ги исполнуваат своите обврски во заштитата на надворешните граници не можат да бидат членки на Шенген“, изјави членката на финската влада. Подоцна и данската влада им се приклучи на барањата за исфрлање на Шпанија од Шенген.

Франција, пак, најави воведување контроли на својата гранична линија со Шпанија.

Шпанија жестоко ја критикуваше и администрацијата на Трамп. „Претседателот Трамп веќе долго време ја предупредува Европа што ќе се случи доколку спроведува крајно леви, глобалистички политики, вклучително и дозволување на масовна имиграција. Шпанија и другите држави кои ја прифатија оваа деструктивна филозофија мора веднаш да го променат правецот или ризикуваат сопствена пропаст“, изјави заменичката-портпарол на Белата куќа, Ана Кели.

Најлеку отиде лидерот на опозицијата во Шпанија, Алберто Нуњез Феихо, шеф на Народната партија од умерениот десен центар. „Шпанската граница е пробиена, а шпанската територија е окупирана. Ова што се случува во Сеута не е само прашање на имиграција, туку е криза на суверенитетот“, изјави Феихо.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Следно

Брентфорд го купи Сангаре и го собори клупскиот рекорд

Latest from Blog

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој
Go toTop