Здравковски: Правите пазар три коалиции, колеги од Алијанса за 150 000 евра и куќа во Тафталиџе не се губи дигнитетот!

February 16, 2023
1 min read

„Премиере овие коалиции кои што ги правите вие и претходниот ваш премиер за жал и наш премиер не ги прави врз основа на некои принципи, туку ги прави врз основа на политички пазар, на пазар три. Премиере за овие година дена од како сте премиер вие постојано ЕУ не ја вадите од уста, постојано кажувате дека натаму некаде не движите, меѓутоа има релевантни фактори и релевантни институции кои што кажуваат дека одите во спротивна насока“, нагласи Здравковски.

Здравковски истакна дека ниту една институција во Македонија не е стабилна, фондот за здравство не функционира, а здравствените работници воопшто немаат никаква светла иднина, и бројот на докторите во континуитет се намалува.

„Критериумите од Копенхаген донесени 1993 се делат на три дела политички, економски и институционални. Во политичкиот дел имаме стабилност на институциите но гледаме дека ниту една институција во Македонија не е стабилна, гледаме дека фондот за здравство ни ни функционира, дека здравствените работници воопшто немаат никаква светла иднина, дека бројот на докторите во континуитет се намалува, а здравствените работници не земаат плата“ , кажа Здравковски.

Здравковски додаде и дека се прават пазар три коалиции, а колегите од Алијанса за 150 000 евра и куќа во Тафталиџе го губат дигнитетот.

„Во делот на земјоделие ни владее башибозук, гледаме дека во центрите за социјална работа ништо не е како што треба , треба да почнете да ги исправате институциите, економијата да ја доведете онаму каде што треба. Треба да има функционална пазарна економија. Зарем не мислите премиере дека треба да го смените и Крешник Бектеши, зарем не мислите дека треба да го смените и Јетон Шакири кој што ги остави учениците без учебници, зарем мислите дека вака ќе влезете во ЕУ преку некакви пазари и преку некакви договори. Колегите од Алијанса треба да бидат свесни дека прават пакт со ѓаволот. Дали мислите колеги од Алијанса она што до вчера го критикувавте дека од утре ќе го исправите. Почитувани колеги од Алијанса за 150 000 евра не се губи дигнитетот, за куќа во Тафталиџе не смеете да го изгубите дигнитетот, за жал ќе биде доцна и за вас и за нас ако донесете таква одлука“, истакна Здравковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мотивација за учениците: 200 гратиси за лизгање за најдобрите од деветто одделение во Центар

Следно

СЗО се откажа од истрагата за потеклото на Ковид

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на
Go toTop