Тренерот кој удри шлаканица на 8-годишно дете доби суспензија од 6 месеци

1 min read

Косовскиот тренер во таеквондо Ваљмир Фетиу доби шестмесечна суспензија поради испадот што го имаше за време на Европското првенство во млади категории кое се одржа во Тирана.

Во финалето, 8-годишната Валина Фетиу загуби од српската противничка Нина Савиќ, па следуваше несоодветна реакција од Ваљмир кој освен што е нејзин тренер и е и татко.

Ваљмир реши со шлаканица да ја „дисциплинира“ својата ќерка поради поразот во финалето. По оваа негова непедагошна реакција, самиот тренер реши да се оправда.

„Валина е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментите кога девојчето беше дезориентирано и луто бидејќи загуби од српската натпреварувачка, лежеше на земја неспособна да го прифати поразот. Едноставно, сакав да ја смирам и да ѝ ставам до знаење дека и покрај поразот, таа е вицешампионка и ќе има и други шанси за победа.“, рече Ваљмир, кој сепак нема да ја избегне шестмесечната суспензија.

„Косовскиот таеквондо тренер Ваљмир Фетиу е суспендиран на шест месеци од Европската федерација на овој спорт. На европскиот натпревар за деца во Тирана, Фетиу му удри шлаканица на својот осумгодишен натпреварувач, која е и негова ќерка. Инцидентот е снимен и Европската федерација во неделата објави дека селекторот е суспендиран на шест месеци од сите меѓународни и домашни активности“, објави порталот “КОХА:  на албански јазик.

Извор: kurir.mk

Претходно

Трабзон сака да се ослободи од Барди: Македонскиот репрезентативец исфрлен од првиот тим

Следно

Облачно и тивко со појава на магла

Latest from Blog