Мицкоски нема план во случај да поскапи струјата иако Регулаторна доби високи цени од МЕМО и МЕПСО

November 9, 2024
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека месечната инфлација е во негативна вредност и изнесува -0,7 проценти кога се споредуваат октомври и септември, одговарајќи на прашање за ефектите од владините мерки за малопродажните цени и очекувањата за Нова година.

„Министерот за економија веќе остварил комуникација со коморите, е дефиниран списокот на производи за новогодишните празници, како и нивните цени,“ додаде Мицкоски.

Според него, намалувањето на инфлацијата на 0,3 отсто во септември во однос на август и дефлацијата од -0,7 отсто во октомври во споредба со септември, придонесуваат за заштеда на граѓаните од 1 000 до 1 300 денари.

На прашањето за можни социјални мерки против ценовни шокови во случај на поскапување на струјата, Мицкоски истакна дека Владата засега нема информации за покачување на цената на електричната енергија.

„Очекуваме предизвикувачка зима, за што предупредив уште на почетокот на нашиот мандат, со оглед на состојбите во Европа и временските прогнози. Преземавме мерки за заштита од ценовен шок и покачување на струјата, но конечната одлука зависи од РКЕ,“ додаде премиерот.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го разгледува барањето за зголемување на цените од енергетските компании, но конечната одлука за новата цена на струјата сè уште не е донесена. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, посочи дека доставените пресметки од компаниите се високи и за Комисијата неприфатливи.

Според информациите, операторот МЕМО побарал зголемување од речиси 80%, а МЕПСО за 50%. Бислимовски вели дека овие бројки се само дел од факторите кои ќе ја одредат финалната цена. Одлуката ќе зависи и од понудената цена од ЕСМ на тендерот за ЕВН Хоум и од трошоците за покривање на загубите на електрична енергија.

„Голем број на мали потрошувачи се враќаат на слободниот пазар, што создава притисок врз цената. Сепак, сè уште немаме податоци за цените по кои ќе се купуваат загубите,“ рече Бислимовски.

Додека одлуката за новата цена се очекува до крајот на годинава, засега останува евтината тарифа од 13 до 15 часот во денот, од 22 до 7 часот наутро и недела во текот на целиот ден.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азербејџанското знаме влезе во Гинисовата книга како најголемото развиорено знаме во светот

Следно

Меџити по речиси тригодишен застој го пушти во функција хидросистемот Ѓавато

Latest from Blog

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.

Министерот за здравство да си ја гледа работата, а не да кажува како да известуваат новинарите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата

Мартин Костовски: Голема нервоза во белата палата, Петрушевски ме клевети со лаги за кои веќе има судска одлука

Во реакција на својот профил на Фејсбук на прес конференцијата на Бране Петрушевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, порача: Голема нервоза во белата палата. Го извадиле Бране, човекот

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија во обид да го спречи протокот на мигранти, пренесува ДПА. Портпаролот на полската гранична полиција Конрад Швед за новинската агенција ПАП изјави дека
Go toTop