Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме

November 9, 2024
1 min read

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а истото тоа можеле да го направат, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервјуто на ТВ 21.

-Обезбедени се средства во буџетот и се исплаќаат испратнини на сите професионални војници со навршување на 45 години старост и тоа се две просечни плати во Македонија, за секоја година поминат стаж во армијата. Овие суми се движат од 20 до 30 илјади евра. Исто така обезбедивме средства за исплата на опремнини за пензионирање во висина од 15 нето плати на сите вработени во министерството и армијата, истакна Мисајловски.

Тој потенцираше дека со платата во месец август исплатени се обврските од новиот колективен договор, како што е додаток плата на посебен степен на образование кое претходно не било исплаќано, додаток на 10 проценти на плата за учество во комисии, додаток од 10 проценти на плата за овластување, зголем обем на работа од 15-30 проценти со уредба на влада.

Мисајловски најави дека потпишал документ со кој ќе бидат наградени над 300 припадници на армијата кои биле вклучени во гаснењето на пожарите.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Инвестиравме 5 милиони евра оваа година за Велес, за следната година најавуваме нови проекти за градот

Следно

Азербејџанското знаме влезе во Гинисовата книга како најголемото развиорено знаме во светот

Latest from Blog

Утре невреме со пороен дожд и грмежи – од среда значително опаѓање на дневната температура

Во вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Мусиала има фрактура и дислокација на фибулата на зглобот

Џамал Мусиала доживеа тешка повреда во четвртфиналето на Светското клупско првенство, по дуелот со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Најцрните предвидувања се потврдија, баварците споделија официјални информации за повредата. Мусиала има фрактури

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
Go toTop