Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се зголеми на 223

November 8, 2024
1 min read

ОВИЕДО (АА) – Потврдениот биланс на загинати во минатонеделните поплави во Шпанија се зголеми на 223, објави во петокот шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте, известува Анадолу.

Сѐ уште за исчезнати се водат 78 лица, а пронајдените 48 тела допрва треба да се идентификуваат, објави шпанскиот министер за транспорт Пуенте на социјалната платформа Х.

Обилните дождови и поплави, кои на 29 октомври го претворија истокот и југот на Шпанија, особено Валенсија, во зона на катастрофа, овојпат ја погодија и Жирона.

Поплавата предизвикана од силниот дожд што синоќа започна во градот Кадакес во провинцијата Жирона на североистокот на Шпанија оштети најмалку 32 возила.

Во изјава за Радио Каталонија, градоначалничката на Кадакес, Пиа Серињана, изјави дека силниот дожд кој траел два-три часа, предизвикал сериозни штети.

Во меѓувреме, продолжува потрагата по 78 лица, кои се прогласени за исчезнати во Валенсија.

Надлежните соопштија дека продолжува идентификацијата на загинатите, информирајќи дека повеќе од 100 тела им се предадени на нивните семејства.

Повеќе од 17.000 полицајци, припадници на жандармеријата и војници продолжуваат да работат во регионот, барајќи тела во калта високи до два метри и на подземните паркинзи покриени со вода.

Во Шпанија, каде се води политичка дебата за поплавите, се бараат виновниците за големиот број загинати. Се смета дека автономната влада на Валенсија многу доцна на мобилните телефони испратила порака за предупредување од поплави.

Според прогнозите на Државната метеоролошка агенција, најавено е дека обилни врнежи и невреме се очекуваат на североистокот на Каталонија и во градот Кадиз, на југозападниот дел на Шпанија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Професорката Проева ќе биде погребана в недела, на гробиштата Бутел

Следно

Директорот на БЈБ Александар Јанев за Би-Би-Си: Македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции со Интерпол

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop