Лидерите на ЕУ се собраа во Будимпешта на разговори за конкурентноста

November 8, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Лидерите на Европската Унија (ЕУ) денес во Будимпешта разговараат за изнаоѓањето начини за зајакнување на нејзината економија и конкурентноста, јавува Анадолу.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарлс Мишел, рече дека лидерите на ЕУ ќе разговараат за конкурентноста на неформалниот самит денес, што се реализира по петтиот состанок на Европската политичка заедница вчера во главниот град на Унгарија.

„Утринава ја имаме дебатата за конкурентноста и уверен сум дека ќе се договориме за изјава која ќе биде моќна рамка. Ние знаеме дека треба да дејствуваме за да го продлабочиме единствениот пазар. Знаеме дека мораме да ја поддржиме нашата индустриска база, вклучително и индустријата во транзиција“, им рече Мишел на новинарите пред состанокот.

Тој истакна дека Унијата на пазарите на капитал и Европската инвестициска банка можат да бидат „многу моќни“ алатки за „инјектирање повеќе пари, повеќе финансиски средства“ за поддршка на економијата на ЕУ и за зајакнување на нејзиниот економски развој.

Мишел, исто така, ја повтори потребата од продолжување на поддршката за Украина, каде што Русија ја продолжува својата „специјална воена операција“ од февруари 2022 година. „Бидејќи ако не ја поддржуваме Украина, ова е погрешен сигнал кој го испраќаме до (рускиот претседател Владимир) Путин, но и до некои други авторитарни режими низ светот“, додаде тој.

За време на неформалниот состанок, претставниците на земјите членки на ЕУ се очекува да разговараат за конкурентноста на Блокот, односите со САД и ситуацијата на Блискиот Исток, како и за одлуката на Израел да ги забрани активностите на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во окупираните палестински територии.

На вчерашниот состанок на Европската политичка заедница, европските лидери разговараа и за враќањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговото можно влијание врз европската економија. Европскиот совет, исто така, одржа неформален состанок за време на синоќешната вечера.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пратеникот Јамалов ги повика богаташите од Дубаи да се освестат

Следно

Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон

Latest from Blog

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.

Во Белгија издадено портокалово предупредување поради опасен екстремен топлотен бран

СКОПЈЕ (AA) – Кралскиот метеоролошки институт на Белгија издаде портокалово предупредување поради очекуваните опасно високи температури што надминуваат 35°C низ целата земја од 1 до 3 јули, јавува Анадолу. Според Институтот, Белгија

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти
Go toTop