Сиљановска Давкова – Прескер: Македонските евроинтеграции да се базираат на критериумите кои важат за другите кандидати

November 7, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења во однос на пристапниот процес на земјава за членство во Европската Унија, при што претседателката порача дека македонските евроинтеграции е неопходно да се базираат на критериумите кои важат за другите кандидати.

Во таа насока, Сиљановска Давкова го реафирмираше ставот дека евроинтеграцискиот процес на земјава треба да се одвива согласно принципот на заслуги и со доследно спроведување на копенхагенските критериуми.

На средбата соговорниците изразија подготвеност за натамошно интензивирање на билатералната соработката и заедничко регионално дејствување со цел економски просперитет и справување со глобалните предизвици.

Беше констатирано дека Словенија е еден од најзначајните трговски партнери и инвеститори во земјава, но дека потенцијалите за економската соработка не се до крај искористени, со што нејзиното интензивирање треба да биде еден од главните приоритети на двете земји во иднина.

Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста за натамошна соработка и во рамки на меѓународните организации и промовирање на заедничките вредности на демократијата, мирот и одржливиот развој на глобалната сцена, се наведува во соопштението од кабинето на претседателката Сиљановска Давкова.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меџити се приклучи на крводарителската акција организирана од Амбасадата на САД

Следно

ВРЕДИ и ЕФ согласни за едно прашање: „Бранителите“ може да поминат доколку се вклучат и екс војниците на ОНА

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop