Турскиот претседател Ердоган разговараше со Трамп

November 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа телефонски разговараше со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.

За време на разговорот тој му честита на Трамп за изборната победа.

Ердоган изрази надеж за посилна соработка меѓу Туркије и Соединетите Американски Држави во наредниот период.

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на американските претседателски избори и е избран за 47. претседател на САД.

Трамп ќе биде инаугуриран за вториот мандат во Белата куќа на 20 јануари 2025 година, а Харис, како потпретседателка, треба да ја надгледува церемонијата на полагање заклетва во Капитол.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Левандовски: Сѐ функционира речиси перфектно во Барса

Следно

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Latest from Blog

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото
Go toTop