Левандовски: Сѐ функционира речиси перфектно во Барса

November 7, 2024
1 min read

Напаѓачот Роберт Левандовски постигна два гола во победата над Црвена звезда во Лигата на шампионите (5:2) за да се израмни со соиграчот Рафиња, Хари Кејн од Баерн Минхен и Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон како најдобри стрелци во натпреварувањето со пет гола.

Откако го постигна својот 19-ти гол во 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, Левандовски (36) изјави дека е воодушевен од агресивниот пристап на Флик.

-Имаме цел од почетокот на сезоната – мораме да играме многу напаѓачки фудбал, но без да изгубиме од вид колку добро игра нашата одбранбена линија. Сѐ функционира речиси перфектно. Мораме да видиме што можеме подобро, се разбира, но се чувствувам многу добро, тимот е среќен, изјави Левандовски по дуелот во Белград.

Истакна дека во овој нов формат на Лигата на шампионите, победата на гостувањата е многу важна.

-Во првото полувреме игравме малку бавно, но во второто имавме многу шанси. Понекогаш кога тимот игра многу дефанзивно како Звезда, ни треба малку трпение. Секогаш барам слободен простор за да ја допрам топката и да постигнеме гол. Како тим, одигравме многу добро, затоа сум среќен, заклучи Левандовски.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД: Харис ги повика поддржувачите да ги прифатат изборните резултати, вети мирен трансфер на власта

Следно

Турскиот претседател Ердоган разговараше со Трамп

Latest from Blog

Израелски напад врз центар на ОН за хуманитарна помош во северна Газа

ГАЗА / АНКАРА (АА) – Четворица Палестинци се убиени, а повеќемина се ранети вечерва во израелски воздушен напад врз објект за дистрибуција на хуманитарната помош на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации,

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,
Go toTop