Израелската Армија ја уништи зградата на УНРВА во кампот Нур Шамс на Западниот Брег

October 31, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската Армија денес ја уништи зградата на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во бегалскиот камп Нур Шамс во градот Тулкарем на северниот дел на Западниот Брег, изјави локален претставник, јавува Анадолу.

„Израелските булдожери ја срушија зградата, преку која Агенцијата на ОН управуваше со секојдневните потреби на жителите“, изјави за Анадолу, Нехад ал-Шавих, кој раководи со локалниот комитет за услуги во кампот.

„Зградата беше делумно оштетена за време на претходните израелски напади, а денес беше целосно урната од израелските сили“, додаде тој.

Уривањето на зградата се случи по три дена откако Кнесетот (израелскиот Парламент) во понеделникот го усвои законот со кој се забранува работата на УНРВА, што на крајот ќе влијае на нејзината работа во Газа, окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим. Законот ќе стапи на сила за 90 дена.

Генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, рече дека израелската забрана е „без преседан и опасна“ и претставува прекршување на Повелбата на ОН.

Според палестинската официјална новинска агенција Вафа, во кампот Нур Шамс има две училишта и еден здравствен центар управуван од УНРВА.

Претходно денес, двајца Палестинци, меѓу кои и едно дете, беа убиени во напад на израелско беспилотно летало во кампот, според Министерството за здравство.

Тензиите се зголемени низ Западниот Брег поради бруталната офанзива на Израел врз Појасот Газа, во која се убиени над 43.100 луѓе, главно жени и деца, од октомври минатата година.

Најмалку 766 Палестинци оттогаш се убиени, а околу 6.300 се повредени од истрели на израелската Армија на Западниот Брег, објави палестинското Министерство за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Петрушевски: „Големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред Мицкоски- ДУИ е демонтирано

Следно

БРАВО ЈУЛЕ, КАТЕ, СТЕФАН И МАРИО: Атлетичарите на Специјалната Олимпијада освоија 3 медали за Македонија

Latest from Blog

Вкупно 18 членки на ЕУ поднеле барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ

До истекот на крајниот, синоќа на полноќ, формално барање до Европската комисија за позајмици за заеднички набавки за потребите на одбраната од механизмот „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), поднеле 18 земји членки

Манчестер јунајтед убедливо го совлада Борнмут

Манчестер јунајтед ноќеска го победи Борнмут во натпреварот од Летната серија на Премиер лигата со 4:1. Натпреварот се одигра на „Солдер Филд“ во Чикаго. Патрик Доргу, Итан Вилијамс, Расмуом Хајлунд и Амад

Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде „многу тежок“ поради ставот за Палестина

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп утрово ја предупреди Канада дека трговскиот договор ќе биде „многу тежок“ откако Отава објави дека ја поддржува палестинската државност, јавува Анадолу. „Воу! Канада штотуку објави
Go toTop