Ковачевски се обиде да го злоупотреби повикот на Мицкоски, Лашоска му одговори: Стратегијата на премиерот и НРС се различни документи

October 29, 2024
1 min read

Стратегијата до 2050 година чие изготвување минатата недела го најави премиерот Христијан Мицкоски, е посебен, сосема различен документ од Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 – 2044 година, рече попладнево заменик-министерот за животна средина Ане Лашкоска.

Лашкоска, која пред пратениците во рамки на 17. собраниска седница ја образложи НРС, ги повика пратениците од СДСМ да учествуваат во изготвувањето на стратегијата што ја најави Мицкоски, откако Димитар Ковачевски праша дали е тоа само шестгодишно продолжение на НРС или нешто друго.

-Пред неколку дена Мицкоски најави стратегија до 2050 година, а ние денес, 120 пратеници, се согласуваме за развојна стратгегија во која учествуваа сите. Имаме повик до, условно кажано, опозицијата, да учествува во изготвување на стратегија до 2050 гоидна. Дали се тоа дополнителни шест години?, праша Ковачевски кој претходно даде целосна поддршка на НРС.

На тоа Лашкоска реплицираше, изразувајќи жалење што Ковачевски се обидува да го злоупотреби, како што рече, повикот на премиерот.

-Жал ми е што се обидувате да го злоупотребите повикот на Мицкоски, односно да го однесете во друга насока. Станува збор за сосема различен документ. Ве повикуваме да учествувате во неговото изготувување. Стратегијата ќе се однесува на сосема други приоритети кои не ги опфаќа НРС и кои вие како влада ги прескокнавте. Ќе направиме максимални напори да се донесе со консензус за националните прашања и за надворешната политкка, а ќе ги консултираме најдобрите умови во државава за да го трасираме патот по кој ќе се движиме во наредните години. Се надевам дека ќе учествуавте во градењето на националниот консензус и во градењето на нашата надворешна политика, истакна Лашкоска.

Ковачевски кусо одговори дека само прашал.

-Ова е целосно инклузивна стратегија и се надевам дека предложената од Мицкоски ќе биде целосно инлузивна како оваа, рече Ковачевски.

Собранието попладнево, со 70 гласдови „за“, еден против и ниту еден воздржан, ја донесе Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ќе има ли измени во законот за помилување?!

Следно

Политичко рекламирање за време на избори: Закупете банери за да не ве критикуваме

Latest from Blog

Фото: Чуварката на плажа не излегува од бикини

Познатата актерка Дона Дерико која се прослави со улогата во легендарната серија „Чувари на плажа“,  каде ја играше прекрасната Дона Марко, сега покажа дека годините не ѝ можат ништо и дека за

Лацио минимално подобар од Јувентус

фото: Lega Serie A (X) Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Јувентус со минимални 1:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Единствениот гол на мечот го постигна Башиќ во 9-тата

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 4:30
Go toTop