Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

October 26, 2025
1 min read

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник на ТВ Сител истакна дека ЗНАМ е задоволен од резултатите и ги оцени како одлични.

„Не би се согласил дека движењето ЗНАМ има пад во гласовите. Напротив – ние ги исполнивме сите свои политички цели. Нашиот резултат не е добар, ниту многу добар, туку одличен,“ – рече Минчев.

Тој нагласи дека ЗНАМ настапи самостојно во 53 општини – што е една третина помалку од вкупниот број општини во земјата – и освои околу 40.000 гласови и 50 советници, бројка што целосно кореспондира со резултатот од парламентарните избори.

„Движењето ЗНАМ се стабилизира на политичката сцена. Граѓаните ги поздравија нашите политики и тоа се гледа по бројките – една третина помалку листи, една третина помалку гласови, ист резултат како на парламентарните избори.“ – истакна Минчев.

На прашањето дали овие бројки ја намалуваат тежината на ЗНАМ во владината коалиција, Минчев одговори:

„Апсолутно не! Нашите цели се исполнети. Господинот Максим Димитриевски има убедливо водство во Куманово, а ние сме во втор круг и во општина Центар. Тоа е потврда дека граѓаните имаат доверба во нашите кандидати и политики.“

Минчев потенцираше дека ЗНАМ останува столб на стабилност и коректор во Владата, со сопствени, автохтони политики, и дека партнерството со ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се темели на заемна поддршка и принципиелност.

„Ние не сме само коректор на ВЛЕН, туку и на одредени политики на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа влада функционираме како едно големо семејство кое учи, расте и создава резултати за граѓаните,“- додаде Минчев.

На крајот тој порача дека Движењето ЗНАМ е најмладата, но и најбрзорастечка политичка сила во Македонија, која ќе продолжи со ист интензитет да ја спроведува својата визија за чесна, праведна и европска држава.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо: Екипата беше многу мотивирана, одигравме одличен меч

Следно

Лацио минимално подобар од Јувентус

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop