Германија повикува на разоружување на Хезболах, повлекување на израелската армија од Либан

1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денес повика на разоружување на Хезболах и повлекување на израелската армија од Либан во согласност со релевантните одлуки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), јавува Анадолу.

Говорејќи за новинарите во Париз пред меѓународната конференција за помош за Либан, Баербок рече дека спроведувањето на резолуцијата 1701 на ОН ќе биде најдобар начин да се спречи понатамошна дестабилизација на Либан и да се гарантира безбедноста во Северен Израел.

„Всушност, резолуцијата 1701 на ОН денес е порелевантна од кога било досега. Многу јасно се наведува дека Хезболах мора да се повлече зад реката Литани, во Либан не може да има вооружени милиции, Хезболах мора да се разоружи. И во резолуцијата многу јасно се наведува дека израелската армија мора да се повлече од Либан“, рече Баербок.

„Овде, во Париз, ќе продолжиме интензивно да работиме со нашите меѓународни партнери за тоа како може да ја имплементираме резолуцијата 1701 на ОН која, се надеваме, конечно ќе гарантира безбедност за Израел, народот во Северен Израел и безбедност за луѓето во Јужен Либан, а ќе разговараме и за обезбедување поголема хуманитарна помош“, додаде таа.

Министерката рече дека Германија одлучила да додели дополнителни 96 милиони евра хуманитарна помош и помош за развој за Либан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Запалено возилото на новинар од Штип

Следно

Туркије: Идентификуван еден од терористите што го извршија терористичкиот напад во Анкара

Latest from Blog