Турската МИТ уништи позиции на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија и Ирак по терористичкиот напад во Анкара

1 min read

АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка агенција на Туркије (МИТ) елиминира позиции на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Северна Сирија и Ирак, соопштија безбедносни извори, јавува Анадолу.

Безбедносните извори истакнаа дека по терористичкиот напад врз објектите на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Кахраманказан, Анкара, МИТ започнала операции против позиции на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија и Ирак.

За време на операциите цел биле неколку стратегиски локации, меѓу кои и згради од енергетската инфраструктура, логистички центри и складишта за муниција на терористичката организација.

Нагласено е дека МИТ ќе продолжи со операциите против ПКК/ЈПГ додека не се постигнат сите планирани цели.

Двајцата терористи што ги нападнаа објектите на ТУСАШ се „неутрализирани“, а во вчерашниот терористички напад загинаа пет лица и 22 се повредени, соопштија властите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Харден разочаран по поразот на Клиперс во новата арена

Следно

Малолетник пукал во средно училиште во Сараево, повреден еден ученик

Latest from Blog

Средба Сиљановска Давкова – Фон дер Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен