Во Казан започна последниот ден од Самитот на БРИКС

1 min read

МОСКВА (АА) – Во тек е последниот ден од Самитот на БРИКС во југозападниот руски град Казан, а главен белег е состанокот на БРИКС во регионален формат (BRICS Outreach) и БРИКС Плус, јавува Анадолу.

На овој состанок се вклучени земји што не се членки на БРИКС, но заинтересирани се за зајакнување на нивните врски со економскиот блок.

Организацискиот комитет на БРИКС соопшти дека на состанокот ќе учествуваат 36 земји, а 22 ќе бидат претставени од шефови на држави, меѓу кои и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Присуствуваат лидери од Азија, Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка, како и претставници на повеќе меѓународни организации. Руската делегација ја предводи претседателот Владимир Путин.

Путин, исто така, закажа неколку билатерални средби, меѓу кои и со палестинскиот претседател Махмуд Абас и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Путин денес ќе одржи прес-конференција на која ќе го заврши тридневниот самит.

Вчера лидерите на БРИКС ја усвоија Декларацијата на Самитот во Казан, во која се сумирани исходот од самитот и мандатот на Русија како претседавач со БРИКС.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Претседателот Костадиновски и судии на Уставниот суд се сретнаа со потпретседателот на Венецијанската комисија, Мартин Кауер

Следно

Харден разочаран по поразот на Клиперс во новата арена

Latest from Blog

Средба Сиљановска Давкова – Фон дер Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен