(ВИДЕО) Бунтовници во Индонезија зеле како заложник пилот од Нов Зеланд

February 15, 2023
1 min read

Фотографиите и видеото објавени вчера покажуваат како бунтовниците го опкружиле пилотот држејќи копја, лакови и стрели

Минатата недела сепаратистички бунтовници во Индонезија го зеле како заложник новозеландскиот пилот Филип Марк Мертенс. Групата објави фотографии и видео од пилотот за да покаже дека е жив, пишува Скај њуз.

Мертенс беше земен како заложник од Ослободителната војска на Западна Папуа, откако бунтовниците упаднаа во неговиот авион. Пилотот требало да земе 15 градежни работници кои добивале смртни закани додека граделе здравствен центар во областа Ндуга.

„Нашиот план да ги евакуираме работниците ги разбесни бунтовниците и тие решија да го запалат авионот и да го киднапираат пилотот. Кога авионот слета, во него имаше пет лица. Патниците веднаш беа ослободени бидејќи се домородни Папуанци. Но, пилотот од Крајстчерч, вработен во индонезиската компанија ‘Суси ер’, стана заложник на сепаратистичките бунтовници“,

рече началникот на областа Ндуга, Намија Гвијанге.

Фотографиите и видеото објавени вчера покажуваат како бунтовниците го опкружиле пилотот држејќи копја, лакови и стрели.

„Го зедов како заложник за независноста на Папуа, а не за храна или пиење. Тој ќе биде безбеден со мене сè додека Индонезија не го користи своето оружје ниту од воздух ниту од земја“,

вели во видеото водачот на бунтовниците Егианус Когоја додека пилотот стои покрај него.

Од полицијата велат дека се обидуваат да ги вмешаат племенските водачи и луѓе од црквата во ослободувањето на пилотот Мертенс. Индонезискиот министер за политички, безбедносни и правни прашања Мохамад Махфуд ги потврди наводите на полицијата. Тој предупреди дека индонезиската влада не отфрлила други напори за ослободување на пилотот од Нов Зеланд.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска: Пожарникарите се хероите на нашиот град

Следно

Тлото не мирува – 50 земјотреси во Романија

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop