Регионални избори во ирачки Курдистан

October 20, 2024
1 min read

Курдите денеска гласаат на регионални избори во нивниот полуавтономен регион во северен Ирак по повеќекратните одложувања.

Избирачките места се отворени. Се избираат 100 пратеници, кои потоа ќе бираат претседател на парламентот, претседател и премиер на Ирачки Курдистан, кој доби самоуправа во 1991 година.

Изборите првично беа закажани за 2022 година, но постојано беа одложувани поради несогласувања меѓу двете доминантни партии, Демократската партија на Курдистан и Патриотскиот сојуз на Курдистан.

Со слабата состојба во која се наоѓаат опозициските партии, се очекува двете политички сили да го продолжат повеќе од тридецениското заедничко владеење.

– Се надеваме дека наскоро ќе се формира обединета регионална влада и состојбата на граѓаните ќе се подобри, изјави претседателот на Ирачки Курдистан, Нечирван Барзани, откако гласаше во курдскиот главен град Ербил.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лекови, нови протоколи на Онкологија и подостапни контроли, бараат пациентките со рак на дојка

Следно

ЛЕГЕНДАРНАТА ФЛЕЈТИСТКА НИКОЛ МИЧЕЛ И „ФАЈР! ОРКЕСТРА“ ГО ЗАТВОРААТ 43. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop