Screenshot

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

August 25, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град.

Невремето предизвика сериозни штети врз земјоделските површини во атарите на Мажучиште, Големо Коњари и Мало Коњари. Најпогодени се тутуновите насади, и тоа во периодот кога е во тек бербата, но штети има и кај други земјоделски култури.

„Утре, на редовната седница на Советот на Општина Прилеп, ќе формираме Комисија за утврдување и проценка на штетите. По завршувањето на проценката, извештајот и записникот веднаш ќе ги доставиме до Владата, по што се надеваме дека ќе се дефинира соодветен надомест за погодените земјоделци“, изјави Проданоски.

Тој најави и итна средба со Министерството за земјоделство, со цел, како што посочи, заеднички да се изнајдат брзи и соодветни решенија за земјоделците кои претрпеа загуби.

„Како локална самоуправа стоиме максимално зад нашите сограѓани. Во вакви моменти нема простор за чекање. Наша должност е да бидеме со земјоделците и да помогнеме штетата да биде соодветно проценета и надоместена“, порача градоначалникот на Прилеп.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шок во Мадрид: Мурињо ќе го “седне“ на клупата миленикот на фановите на Реал!

Latest from Blog

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на
Go toTop