ЛЕГЕНДАРНАТА ФЛЕЈТИСТКА НИКОЛ МИЧЕЛ И „ФАЈР! ОРКЕСТРА“ ГО ЗАТВОРААТ 43. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

October 20, 2024
1 min read

Со два концерта во Националната опера и балет вечерва се затвора 43. издание на Скопскиот џез фестивал.

Од 20 часот настапува легендарната американска флејтистка Никол Мичел, во придружба на тапанарот Марк Сандерс.

Покрај тоа што компонира и предава на универзитет, Мичел е креативна флејтистка која успеа да развие уникатен импровизаторски јазик што во повеќе наврати ѝ ја донесе титулата флејтист на годината во изборот на списанието „Даунбит“. Во комбинација со Сандерс, тие создаваат оригинален и минималистички звук.

Седумнаесетчлениот состав „Фајр!Оркестра“ ќе ја преземе сцената од 22 часот, што ќе биде негово враќање на СЏФ по десет години пауза.

Идејна творба на шведските музичари Матс Густафсон (саксофон), Јохан Бертлинг (бас) и Андреас Верлин (тапани), ‘Фајр!Оркестра‘ низ годините прерасна во опасен колектив кој им пркоси на конвенционалните жанровски граници, развивајќи свеж пристап кон импровизираната музика со влијанија од слободен џез, психоделичeн рок, пост-боп, ноиз, краутрок и даб“, велат од СЏФ.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Регионални избори во ирачки Курдистан

Следно

Возило удри во пешак во Охрид

Latest from Blog

Фото на денот на СП: Еве што правеа Јапонците по мечот во Далас!

ФОТО:facebook.com/www.SportsJOE.co.uk Ништо ново, само повторување зошто Јапонците како народ и Јапонија како држава и нација се нешто посебно. По последниот свиреж во Далас,на мечот со Холандија, јапонските навивачи не брзаа кон излезите.

ВЛЕН: Го избравме обединувањето наместо поделбите

Од коалицијата ВЛЕН порачаа дека нивното формирање не било резултат на потребата за уште еден политички субјект на албанската политичка сцена, туку од стремежот за обединување на политичката енергија и волјата на
Go toTop