Филков за Лога: Ја разбирам неговата нервоза, но ќе продолжиме преку надлежните институции

1 min read

Министерот за правда, Игор Филков, повтори дека стои зад својата изјава за работата на поранешниот министер Кренар Лога, кој, според него, го презел Министерството без формално примопредавање и со испразнет кабинет.

Филков нагласи дека понатамошниот дијалог за оваа тема ќе се води преку надлежните органи.

„Сѐ што имав да кажам за работата на мојот претходник веќе го кажав и разбирам неговата нервоза, но ќе продолжиме преку надлежните институции“, изјави министерот.

Поврзани вести:

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Промоција на списание „ШОК“ и прв роденден на „Дума ин Сума“ во Центар Јадро

Следно

Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат

Latest from Blog