Трибина „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“ во Институтот „Крсте Мисирков“

1 min read

Во рамки на годинашните Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ кои почнаа вчера и траат до 18 октомври, денеска ќе се одржи трибина насловена „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“.

Утре Отворените денови ќе продолжат со дводневната (среда и четврток), деветта Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“. На отворањето утре ќе биде промовиран зборникот од минатогодишната, осма конференција. 

Отворените денови на Институтот за македонски јазик почнаа вчера со пригодни обраќања и промоција на неколку изданија.

Годинава манифестацијата е во знакот на два големи јубилеја: 150 години од раѓањето на патронот на Институтот за македонски јазик  – Крсте Петков Мисирков, и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик и од Првото заседание на АСНОМ.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Шефот на руската одбрана: Русија и Кина имаат заеднички ставови

Следно

Израел ќе ги слуша САД, но ќе донесува одлуки во согласност со своите национални интереси, соопшти кабинетот на Нетанјаху

Latest from Blog