Хоџа: Мицкоски сега е омекнат во изјавите, а имаше голема храброст после изборната еуфорија

1 min read

Претседателот на ПДЕ Аријанит Хоџа, кој е дел од Европскиот фронт, на синоќешното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во моментов ВЛЕН бил изедначен со движењето ЗНАМ, За твоја Македонија.

„Верувајте, од моментот кога ја формираа владата без Европскиот фронт и без легитимниот претставник на Албанците, ниту малку не се спокојни. Погледнете ги изјавите на премиерот, од таа голема храброст по изборната еуфорија до денес, какво омекнување и ретерирање, затоа што не се работи на фронтот, туку се работи за претставувањето на Албанците, вели Хоџа.

Тој рече дека на ВМРО-ДПМНЕ треба да му биде јасно кој е победникот кај албанските гласачи.

„ВМРО-ДПМНЕ гледаат и самите кога не се на власт со победниците и имаат проблем со потполниот легитимет. Ние сакаме да се видиме како рамноправен партнер, така како што им следува на Албанците во оваа држава“, рече Хоџа.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

[Видео] Десет години од впишувањето на орото Копачка во УНЕСКО, започна одбележувањето на јубилејот

Следно

Царинската управа заплени златен накит, лекови, облека, цигари…

Latest from Blog