Хоџа: Доколку ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се паметни, утре ќе одат на избори

1 min read

Вечерва во емисијата Клик Плус на ТВ21 гостинот Аријанит Хоџа, претседател на ПДЕ, дел од Европскиот фронт, вели „доколку ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се паметни, утре ќе одат на избори“.

Единственото нешто што можам да го кажам е дека тие не се во ризик дека Европскиот фронт ќе ги замени, нека бидат „раат“, вели Хоџа.

Новинар: Но ако се договорите со ВМРО, ќе одите на избори?

Хоџа: Епа сега, ВМРО и ВЛЕН ако се паметни утре ќе побараат избори. Легитимитетот утре ќе го вратат кај Албанците.

Новинар: Зошто да ви направат услуга со избори кога тие ја имаат власта?

Хоџа: На кого?

Новинар: Па на вас. Вие говорите за легитимитет….опозицијата, не се однесува лично на власт.

Хоџа: Говориме за фронтот.

Новинар: За Европскиот фронт говориме, за кого друг?

Хоџа: А зошто да им направиме услуга?

Новинар: Изборите не се никаде на календарот, кој треба да каже да се оди на избори…

Хоџа: Дали се тие сигурни дека работите ги направиле така како треба? Зошто тогаш треба да се плашат од избори? Сте го згазиле легитимитетот на вториот народ по големина во земјава и единствениот начин да се корегира, единствениот начин за ова да го корегирате….еве…сте им ја дале инфраструктурата на ВЛЕН…..ние сме амнестирани од одговорноста..

Новинар: Од одговорноста да не правите ништо?

Хоџа: Па ние не можеме да ги завршиме работите на ВЛЕН.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Еве што предвидува Декларацијата за Заеднички регионален пазар што во Берлин ја потпишаа лидерите на Западен Балкан

Следно

Сања Божиновска работела за сопственикот на „Руднап Груп“ поврзан со аферата за офшор компании „Панама пејпрс“

Latest from Blog