Приведен криумчар на мигранти во кумановско

1 min read

Денеска (14.10.2024) во 13.30 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од с.Сопот.

Тој бил затекнат како во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки,  превезува две лица мигранти од Република Турција од обиколница с.Табановце до с.Сопот.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Тамара Котевска во степите на Сибир го снима својот нов филм

Следно

Мицкоски и другите премиери од Западен Балкан го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар

Latest from Blog