Зајакнување на економската соработка и единствен регионален пазар во фокусот на 10. самит на Берлинскиот процес

1 min read

БЕРЛИН (АА) – Денес започна Иницијатива за меѓувладина соработка – Берлинскиот процес на лидерите на Западен Балкан и претставниците на Европската Унија (ЕУ), известува Анадолу.

Германскиот канцелар Олаф Шолц е домаќин на самитот на кој учествуваат премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски; премиерот на Албанија, Еди Рама; претседавачот со Советот на министри на БиХ, Борјана Кристо; премиерот на Србија, Милош Вучевиќ; премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ; премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ; премиерот на Косово, Албин Курти; премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како земја претседавач со ЕУ; претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претставници на ЕУ.

Фокусот на разговорите на годинашниот самит ќе биде ставен на темата „Зајакнување на регионалната економска соработка и забрзување на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан“.

Како иницијатива за меѓувладина соработка, со цел ревитализација на врските меѓу Западен Балкан и земјите од ЕУ, Берлинскиот процес беше формиран од страна на германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година за забрзување на евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан откако тогашниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, најави дека во наредните пет години нема да има проширување на ЕУ.

Се очекува германскиот канцелар Шолц да одржи два состанока со учесниците на самитот и заеднички работен ручек. Теми на кои ќе се разговора се „Регионална соработка и единствен регионален пазар“, „Зелена агенда на Западен Балкан, поврзување и енергија“ и идни планови за Берлинскиот процес.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Исказот на мајката на Вања не може да се доведе во поврзаност со кривичните дела, смета дел од одбраната на обвинетите за убиството на Вања и Панче

Следно

Д-р Кузмановска за Студио 10: Треба да се подигне свесноста за значењето на донирањето органи и ткива за лекување и спасување човечки животи

Latest from Blog