Мицкоски на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

1 min read

 

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска и утре се во посета на Берлин,  каде што ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. 

Предвидено е учество и заедничка прес-конференција на Канцеларот на  Германија Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија и домаќин на следниот Самит. 

Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

По поразот од Македонија, ерменскиот селектор доби отказ

Следно

Четворица израелски војници загинаа во напад со беспилотно летало на Хезболах, најсмртоносен од копнената офанзива

Latest from Blog