Колку време е потребно за Законот за правична застапеност? И ВРЕДИ се согласува текстот да се испрати за мислење до Венедијанската комисија

1 min read

Вицепремиерот за добро владеење, од редовите на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Фетаи, се согласува со предлогот на премиерот Мицкоски, Законот за рамноправна застапеност, кој се уште е во фаза на подготовка, да биде испратен на разгледување до Венецијанската комисија. Фетаи вели дека оваа практика е добра.

-Ова е практика и имајќи ги предвид прашањата што се засегнати во овој предлог-закон, добра практика, меѓународната практика е да се добие мислење од Венецијанската комисија.-рече Фетаи.

Прашан дали нема да биде проблем што Законот што се очекува да го замени Балансерот може да се изгласа и по 1 година, Фетаи рече дека овој закон доцни цели 22 години, бидејќи според него, требало да се воведе кога бил усвоен 6-от амандман на Уставот.

„Јас не сум поборник, особено како вицепремиер одговорен за добро владеење, на избрзани решенија наметнати одозгора. Имаме и постојани критики од меѓународните партнери за законите кои се воведуваат со скратени постапки, злоупотреба на европското знаменце и слично, ги знаете препораките на ЕК, па заради транспарентност и вклученост на сите, добро е да има процес што се води во Собранието.“, изјави Фетаи.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека новото законско решение мора да биде уставно и во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

Министерот Таравари вчера рече дека се надева оти следната недела ќе започне расправата за Законот за рамноправна застапеност, кој ќе го замени Балансерот. Функционери од ВРЕДИ неколку пати досега тврдеа дека го имаат текстот подготвен. Колку време ќе помине до конечното одобрување, останува да видиме, бидејќи неговото испраќање до Венецијанската комисија значи неколку месеци чекање додека дојде мислењето од таму.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

Следно

Агенција Анадолу го сними водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, како излегува од новата куќа во Пенсилванија

Latest from Blog