Земјотрес во Врање, почувствуван и во Куманово

October 13, 2024
1 min read

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на северната граница на Македонија со Србија, на 10 километри северно од Врање. Земјотресот бил почувствуван и во Куманово.

– На 13.10.2024 година во 04:48 часот по локално време, земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Врање, на 10 километри северно. Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод – Србија. 

Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје.

Втор помал земјотрес со јачина од 2.8 степени во истиот регион е регистриран во 8:27 часот по локално време. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалерите пред предизвик наречен Ерменија и заверка на првото место во групата Ц

Следно

Русија ја нападна Украина со 68 дронови и четири ракети

Latest from Blog

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува

Манчестер сити би можел да добие и дополнителна казна од ФА на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија конечно се огласи за случајот со Манчестер сити, со што целата ситуација добива нова димензија. Случајот со Манчестер сити, односно наводните прекршувања на финансиските правила од страна на

Таневски: Битола уште еднаш покажа дека е вистински фудбалски град

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, упати благодарност до Битола и до навивачите за поддршката која ја доби репрезентацијата на вчерашниот натпревар. Таневски истакна дека атмосферата од трибините им

Димитриеска-Кочоска: Ги отвораме вратите за нови инвестиции и економско поврзување со Шведска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Сулстром, на која било разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Димитриеска-Кочоска, фокусот
Go toTop