Таравари најавува нов закон: „Сите констатираа дека Балансерот не функционираше како што треба“

October 12, 2024
1 min read

Сите констатираа дека „Балансерот“ не функционираше како што треба, но потребен е нов закон за правичната застапеност, бидејќи тоа е веќе уставна категорија. На овој начин одговори Арбен Таравари, министер за здравство, воедно и дел од коалицијата ВРЕДИ на реакциите за укинувањето на Балансерот.

Тој се надева дека новиот закон, кој што тие го подготвувале ќе се најде на дебата следната недела, а според неговите најави со него ќе бидат опфатени сите маргинализирани групи во општеството, не само етничката застапеност.

-Нов закон кој што се надевам дека идната недела ќе биде на дебата и ќе бидеме во координација со партнерите во коалција. Балансерот е констатиран од сите страни дека не функционираше како што треба и ни треба закон за правична застапеност, не само етничка, туку и за сите категории кои што се да речам маргинализирани во општеството. Ви велам, ни треба јавна дебата, ни треба синхронизација, бидејќи правичната застапеност веќе е уставна категорија, и секогаш кога нешто е уставна категорија за тоа треба да постои и закон, изјави Арбен Таравари од АА/ВРЕДИ.

Дека се разговарало внатре во владината коалиција за изнаоѓање законско решение за правична застапеност, потврди и премиерот Христијан Мицкоски. Но, неговиот став е како и на Таравари и останатите партии, секако освен ДУИ, дека Балансерот го надживеал своето време.

-Ние разговараме во рамките на коалицијата, коалицијата има демократски механизам, Бадинтерот е уставна категорија, многу пати во минатото зборувавме дека Балансерот не само што го има надживеано своето време, туку и се злоупотребува и дека треба да се избрише и да, да се најде законски механизам со кој што ќе се регулира правичната застапеност, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Уставниот суд практично со одлуката од пред неколку дена дека институциите не смеат да бараат етничка припадност на конкурсите за вработување во јавниот сектор, го укинаа „Балансерот“. Ова нивно произнесување беше на поднесена иницијатива од страна на Државната комисија за спречување на корупција, по претставките поднесени до нив за злоупотребата на етничката припадност при аплицирањето за вработување.

Правичната застапеност во институциите беше еден од главните уставни постулати по потпишувањето на Охридскиот договор со кој е завршен воениот конфликт во 2001 година, а „Балансерот“ како алатка беше воведен во 2016-та година.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тошковски најави засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако двајца првооделенци се обиделе да силуваат соученик

Следно

Мицкоски: Жалам што Ахмети правата на бугарската заедница ги користи како дневна политика, но тоа е негова стратегија

Latest from Blog

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во

Турското беспилотно летало АКИНЏИ успешно го заврши тестот со сетот за наведување од домашно производство

ИСТАНБУЛ (АА) – Дронот „Бајрактар ​​Акинџи“, едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала, успешно го заврши тестот за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83 на турската одбранбена компанија „Рокетсан“, објави денес компанијата

И Сиљановска Давкова со честитка до новиот папа!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва упати честитка до новиот папа Лав XIV. „Топло му честитам на Неговата Светост Папата Лав XIV за неговото назначување за водач на Католичката црква и му посакувам

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил, го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата лав четиринаесетти.   – Изборот на неговата светост, папата Лав xiv, прв понтиф со потекло од
Go toTop