Ердоган: Спасувачите од урнатините извлекоа над 8.000 преживеани

February 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије им е благодарна на сите земји за помошта што ја дадоа во акциите за пребарување и спасување и за напорите преземени по разорните земјотреси, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Ердоган во видеопорака по повод Светскиот владин самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, рече дека спасувачките тимови досега извлекле повеќе од 8.000 живи луѓе од урнатините на зградите по земјотресот што во понеделникот минатата недела ја погоди јужна Туркије.

Тој додаде дека голем број од над 81.000 повредени во земјотресите веќе се отпуштени од болниците.

„Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите пријателски и братски земји кои деноноќно собираат помош за нашиот народ и ги поддржуваат нашите напори за потрага и спасување со своите тимови и мислат на нас во нивните молитви“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Туркије се соочува со една од најголемите природни катастрофи не само во својата историја, туку и во историјата на човештвото.

Нагласи дека Туркије никогаш нема да го заборави пријателството на другите држави во овие тешки денови. Ердоган истакна дека оваа катастрофа „уште еднаш ја покажа важноста на меѓународната солидарност“.

Тој потсети дека Република Туркије добила пораки за поддршка и сочувство од над 100 земји.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Над 31.900 луѓе загинаа во Туркије, а повеќе од 80.000 се повредени.

Земјотресите исто така погодија и неколку други земји и предизвикаа големи разурнувања во северна Сирија, каде што бројот на загинати надмина 3.680.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Украинците вежбаат на „леопард 2“

Следно

Герасимовски: Почнуваме со реконструкција на улицата „Ленинова“

Latest from Blog

Градоначалникот на Харков: Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната

Најмалку три лица загинаа во руски напад врз вториот по големина украински град Харков, и според градоначалникот Ихор Терехов, тоа бил најтежок напад од почетокот на војната, со речиси 60 експлозии што

Денеска е Задушница

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога

Сончево и топло, попладне нестабилно време!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во

ПСЖ го прдава Џанлуиџи Донарума

Пари Сен Жермен е подготвен да го продаде Џанлуиџи Донарума и веќе ја одреди потребната отштета, интерес покажуваат Реал Мадрид, Баерн и Интер, објавува „Ла Република“. Голманот Донарума е еден од најзаслужните

Атанасов: Одлично ѝ париравме на Белгија

Одигравме реми против големата Белгија, но нашата фудбалска репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.Еден од репрезентативците Јани Атанасов по натпреварот
Go toTop