СЕММ ќе промовира Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации

1 min read

Советот за етика во медиумите на Македонија, денеска ќе промовира Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики за проверка на факти и безбедносни информации. 

Како што информираат од СЕММ, прирачникот е создаден со цел да ги поткрепи новинарите, уредниците и сите медиумски професионалци со практични алатки и насоки во борбата против дезинформациите.

– Изданието ги содржи најдобрите светски практики и конкретни примери за избегнување на замките на дезинформациите, како и безбедносни препораки за заштита на податоци и информации. Прирачникот ќе биде особено корисен за новинарите кои известуваат за чувствителни теми од областа на безбедноста и ќе им помогне да креираат точни, балансирани и етички создржини, велат од СЕММ.

Автори на Прирачникот се новинарот Зоран Бојаровски и Миле Бошњаковски, консултант за стратешки комуникации. Изданието е поддржано од Амбасадата на САД во Скопје, како дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на медиумите против дезинформациите во Северна Македонија“ имплементиран од Советот за етика во медиумите на Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во „Лабораториум“, на 10.10.2024 година со почеток во 11 часот, а прирачникот ќе биде достапен во печатено и онлајн издание.

ИЗВОР: racin.mk

Претходно

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски го поздрави укинувањето на Балансерот

Следно

ЈУЖНОКОРЕЈКАТА ХАН КАНГ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА

Latest from Blog