Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов

1 min read

Дефанзивецот на Панатинаикос Џорџ Балдок е пронајден мртов во базенот во својот дом, објавија грчките медиуми.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за смртта на 31-годишниот Грк.

Фудбалерот не одговарал на повиците на неговата сопруга, по што таа го повикала сопственикот на вилата во која живеел Балдок за да дознае што се случило. Го пронашол 31-годишниот Грк без свест во базенот и веднаш повикал брза помош. Лекар констатирал смрт.

Искусниот дефанзивец речиси целата своја кариера ја мина во Англија, играјќи за МК Донс, Нортемптон, Тамворт, Оксфорд Јунајтед и Шефилд Јунајтед, пред летово да се пресели во Панатинаикос.

Балдок е и грчки репрезентативец од 2022 година, со 12 настапи.

Извор: kurir.mk

Претходно

Средба Тошковски – Дачиќ во Куманово

Следно

Менталното здравје на работното место – годинава тема на одбележувањето на Светскиот ден

Latest from Blog