Уште еден новинар е убиен, а двајца се повредени во израелски напади врз Газа

1 min read

ГАЗА ГАЗА (АА) – Уште еден палестински новинар е убиен, а двајца се повредени во израелските напади врз Појасот Газа, известува Анадолу.

Телевизијата „Ал Акса“ на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави дека фоторепортерот Мохамад Ал Танани е убиен, а репортерот Тамер Лубад е повреден во подрачјето Абу Шарах во Џабалија.

Телевизијата објави дека израелските воздухопловни сили го гаѓале нивниот тим во северниот дел на Газа со проектили и дека „окупаторските сили не само што го направиле тоа, туку и спречиле брзата помош да стигне до нив“.

И фоторепортерот на Ал Џезира беше ранет од израелски оган додека известувач за најновата ситуација во северниот дел на Газа.

„Попладнето израелската армија отвори оган врз група новинари кои известуваа од Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, убивајќи најмалку еден и ранувајќи го во вратот снимателот на Ал Џезира, Фади Ал Вахиди“, објави Ал Џезира.

Бројот на убиени новинари од почетокот на израелскиот напад врз Појасот Газа достигна 176, се вели во соопштението за медиумите на Канцеларијата за медиуми во Газа.

Израел продолжува со својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, повеќе од 42.000 луѓе, главно жени и деца, се убиени, а над 97.700 се повредени.

Израелските напади се причина за раселување на речиси целото население во Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

ДУИ: Укинувањето на балансерот е удар врз Уставот, врз Охридскиот договор и врз мултиетничката стабилност

Latest from Blog