Работен состанок на директорот на БЈБ Јанев со раководството на СВР Скопје

October 8, 2024
1 min read

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев денеска го посетил Секторот за внатрешни работи Скопје каде имал работен состанок со раководството на оваа организациона единица на македонската полиција.

Од МВР соопштија дека состанокот бил посветен на целите и задачите на Секторот во насока на натамошно подобрување на неговата ефикасност и квалитет на работа во интерес на безбедноста на граѓаните во главниот град.

– На средбата беше резимирана актуелната состојба во повеќе сфери од безбедноста на територијата под надлежност на СВР Скопје, особено од аспект на сложеноста на обврските и задачите што произлегуваат од спецификите на подрачјето (бројност и фреквентност на луѓе, административни и други значенија и слично) при што беше оценето дека безбедносната состојба задоволува но и дека има реални можности за нејзино натамошно подобрување. Во тој контекст на состонакот, меѓу другото, стана збор и за скорешните предвидени измени во организационо-структурното функционирање на Секторот, и дека тие сигурно можат позитивно да се одразат во секојдневното работење на сите служби во рамки на оваа организациона единица при Бирото за јавна безбедност, се наведува во соопштението од МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сиљановска Давкова: Процесот Брдо Бриони треба да ни помогне, оваа чекална наречена Западен Балкан да се испразни преку интегрирање на државите

Следно

ЕУ одобри помош од над 1 милијарда долари за санирање на штетите од поплавите во 5 земји

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop