Врачени годишните награди на ДПМ

February 13, 2023
1 min read

По повод 76 години постоење на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), денеска беа врачени годишните награди за критика и есеј, поезија, проза и литература за деца и млади, а беа соопштени и новоизбраните почесни членови на ДПМ од странство.

Наградата за критика и есеј „Димитар Митрев“ ја доби Соња Стојменска-Елзесер за книгата „Книжевен бинокулар“, наградата за најдобра книга за деца и млади „Ванчо Николески” беше доделена на Ели Маказлиева за книгата поезија „Чудесен дар во годишен календар“, наградата за најдобра прозна книга „Стале Попов“ ја доби Венко Андоновски со неговиот роман „Папокот на светлината“, додека наградата за најдобра книга поезија  „Ацо Шопов“ беше доделена на Зоран Пејковски за поетската книга „Убавите жени“.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески на денешното врачување на наградите посочи дека Друштвото е престижна и привлечна асоцијација, а доказ за тоа е и неодамнешниот Конкурс за прием на нови членови на кој се пријавија дури 69 кандидати, а беа примени само девет.

Според Петрески, и заинтересираноста за наградите на Друштвото на писателите на Македонија се уште е на завидно ниво. И понатаму најбројни се поетските и прозните книги, а во пораст е и бројот на критичко-есеистичките дела и книги за деца и млади.

Но, иако и во претходните години немаше поголема и вистинска конкуренција за наградата „Мост“, минатата година не пристигна ниту една книга, па оваа награда сериозно е доведена во прашање.

mde

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Навивач влета на теренот и удри играч, настана тотален хаос

Следно

Демонстранти се обидоа да упаднат во албанскиот парламент, фрлаа петарди кон полицијата

Latest from Blog

Шокантни тврдења од Израел: Каде е иранскиот врховен лидер?

Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски

Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека
Go toTop