УПОТРЕБИВ 4 ФИЛТРИ ЗА ДА ЈА ДОБИЈАМ ТАА КРВАВО-ЦРВЕНА БОЈА ВО „ЧУДЕСНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИЈА ПУЛЕН“, РЕЧЕ КИНЕМАТОГРАФЕРОТ ДЕЛБОНЕЛ ВО БИТОЛА

September 24, 2024
1 min read

Филмот „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ ми го промени животот, вели францускиот кинематографер Бруно Делбонел, годинашен добитник на Златна Камера 300 за животно дело на 45. Фестивал на филмска камера „ Браќа Манаки“ во Битола.

Делбонел, на денешиот разговор со публиката во киното „Манаки“ во Битола, кажа дека кога пред 25 години го снимале филмот „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ со режисерот Жан-Пјер Жене, во тоа време не мислел дека прави нешто посебно, немал такво чувство.

„Не ме водеше мисла ‘Е сега ќе направам нешто извонредно’. Но, сепак бев среќен во тоа време кога го снимивме филмот. Тоа беше третиот по ред игран филм на кој имав работено. Тој филм ми го промени животот, филмот имаше голем успех. Бев среќен кога го снимивме Тоа беше пред 25 години. Употребив 4 филтри за да ја добијам таа крваво-црвена боја во филмот. Повеќе нема да го правам тоа“, на шега рече Делбонел.

Тој кажа дека кога би требало сега да го сними истиот филм, воопшто не би го снимил на истиот начин. Но, поентата е, како што додаде, да се расте, да се созрева и да не се прават истите работи повторно.

„Ако филмот е добар, сите го слават режисерот и кинематограферот, но ако филмот не е добар, тогаш велат дека режисерот не чини, а кинематограферот никој не го спомнува и тоа е добро“, се пошегува Делбонел.

Делбонел беше лауреат на Специјалната златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на „Браќа Манаки“ во 2011.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во компјутери од дома и од училиште

Следно

Муртезани: Членките на ЕУ се подготвени да ни помогнат за побрзо заокружување на пристапниот процес

Latest from Blog

Дуелот помеѓу Леванте и Виљареал е одложен

Поради обилни дождови во Валенсија како во последните 24 часа, така и во следниот период, денешниот меч од новото коло во шпанската Примера помеѓу екипите на Леванте и Виљареал кој што требаше

ПСК „Пелистер“ одбележа 90 години традиција, спорт и љубов кон планината

Со пригодна свеченост и во духот на Денот на планината, беше одбележан значајниот јубилеј – 90 години од формирањето на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“. На настанот, во знак на благодарност и признание за

Зеленски: Се откажуваме од членство во НАТО

Украина се откажува од својата амбиција да се приклучи на НАТО во замена за западни безбедносни гаранции како компромис за завршување на војната со Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски пред разговорите со

Голем неделен хороскоп од 15 до 21 декември

Прочитајте го неделниот хороскоп од 15 до 21 декември 2025 година. Неделниот хороскоп од 15 до 21 декември 2025 година и дознајте што ви велат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата

Работи радарот на скопскиот Аеродром, според Мицкоски, лага е дека е вон функција

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека радарските системи за контрола на летање функционираат нормално и дека во јавноста се пласираат неточни информации за наводен прекин на нивната работа. „Си работат радарите, сè си
Go toTop