Собранието го усвои ребалансот на Буџетот: 5,8 милијарди денари повеќе за капитални инвестиции

July 27, 2026
2 mins read

27 јули 2026 година, Скопје – Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат  повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува  навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности, како и за обезбедување средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случуваа и реализација на развојните приоритети согласно степенот на нивната реализација.

Со Дополнетиот ребаланс вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8% од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектираниот на 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП.

„Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она што особено го издвојува овој ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус и реализацијата на инфраструктурните проекти“, рече министерката.

Таа додаде дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и потенцира дека денес со изгласувањето на Ребалансот продолжува инвестицискиот циклус,  изградбата на инфраструктурата, поддршката за локалниот развој и се  обезбедува сигурност и предвидливост за граѓаните и стопанството.

Со ребалансот се обезбедуваат 5,8 милијарди денари повеќе средства за капитални инвестици и се проектирани на ниво од 46 милијарди денари што е 14,3% повеќе во споредба со иницијалниот буџет, а заради забрзаната динамика на реализација на капиталните проекти. Имено, во првата половина од годината реализацијата на капитални расходи достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на ставката за капитални расходи и инвестиции во инфраструктурата е причината за корекцијата на дефицитот од 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција на буџетскиот дефицит.

Средствата се насочени кон реализација на проекти коишто директно го подобруваат животот на граѓаните и ќе создадат економски придобивки во наредните години. Планирано е финансирање проекти во патната инфраструктура и железничката инфраструктура, во областа на животната средина и комуналната инфраструктура, енергетика, образованието и детската заштита, земјоделство, правосудството, како и средства за капитални проекти во општините, односно поддршка на локалниот развој.

Со ребалансот се обезбедени  дополнителни средства за сервисирање на најприоритетните обврски коишто произлегоа од  потпишаните колективни договори, односно за повисоки плати, повеќе средства за земјоделството, како и за социјалната заштита.

Дополнително, преку вградувањето на амандманите, се обезбедија средства за жените коишто вршат земјоделска дејност, средства за воспоставување национална СОС линија за поддршка на жртвите на родово и семејно насилство, како и средства за отворање и ставање во функција на два згрижувачки центри за жртви на семејно и родово базирано насилство. Исто така, дополнителни 6 милиони денари се обезбедија за транспорт на вода за населението во Гостивар поради прогласената епидемија, 1 милион денари за Управата за извршување на санкции; 10 милиони денари во МОН за реконструкција на факултети, 12 милиони денари во Јавното обвинителство за  продолжување на лиценца за набавка на софтвер, 170 милиони денари се во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за изградба на дистрибутивни центри во Скопје и Струмица и реновирање и адаптација на зградата на ИПАРД, како и 80 милиони денари во Агенцијата за стокови резерви.

Растот на БДП за 2026 година со Ребалансот е проектиран на 3,5%.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Интензивно се градат спортски терени во ОУ „Гоце Делчев“ и „Даме Груев“

Следно

Истрагата од ботоксот се прошири и на митото: Претседател на стоматолошкото друштво, осомничен за примање поткуп

Latest from Blog

Италија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло

ФОТО: FC Juventus/FB По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по

Битката за албанскиот електорат: ВЛЕН во предност со 34%, ДУИ со 30% според анкетата „Стратум Р&Д“

Партијата ВЛЕН соопшти дека резултатите од ново истражување на јавното мислење покажуваат дека таа е најподдржувана политичка сила кај албанскиот електорат во Северна Македонија. Според анкетата спроведена во јуни од Институтот за

Истрагата од ботоксот се прошири и на митото: Претседател на стоматолошкото друштво, осомничен за примање поткуп

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, додека на

Коњановски: Интензивно се градат спортски терени во ОУ „Гоце Делчев“ и „Даме Груев“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информира дека со забрзана динамика продолжува реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на спортски игралишта во основните училишта во градот. При увидот во Основното училиште „Гоце
Go toTop