ВМРО-ДПМНЕ: Само за една година пад на демократијата во Македонија од 20% – над 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија

February 13, 2023
1 min read

Анкетата на „Евротинк“ ја разобличи целосната неспособност на власта. Започнувајќи од нивото на корупција во државниот систем, недовербата во институциите, како и мислењето на граѓаните дека државата не се движи во правична насока, катастрофално поразителни се и резултатите за демократијата во државата, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Иако главниот слоган на СДС изминатите избори беше враќање на демократијата, тие не што не направија нешто повеќе, туку и те како ја уназадија демократијата во Македонија. Дури 61% од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат непочитувањето на човековите права, ускратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и закани спрема медиумите. За само една година резултатите на прашањето „Дали во Македонија е демократска земја“ незадоволството и негативниот одговор се зголемил за 21%. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40% од граѓаните, 2022 година 61% од граѓаните, посочуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека токму заради ваквите катастрофални политики на неспособната власт на СДСМ и ДУИ секојдневно се иселуваат илјадници граѓани.

-Зголеменото ниво на корупција и криминал, недовербата кон институциите, лошите економски политики, катастрофата во образованието, како и немањето демократија се вистинските индикатори дека ова е најнеспособната и најкриминалната власт во Македонија. Колку подолго оваа власт е во удобните фотелји, толку повеќе ќе тоне државата. За излез од оваа состојба веднаш се потребни предвремени парламентарни избори, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кулеба: На 24 февруари на Путин ќе му биде испратен многу јасен сигнал

Следно

Денеска во Албанија ден на национална жалост за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop