Младиот Матеј Гаштаров дебитираше за репрезентацијата на Македонија и тоа како стартер, а според селекторот Гоце Седлоски, тинејџерот беше еден од најдобрите на теренот и еден од ретките кои одиграа на посакуваното ниво.
Сепак самиот Гаштаров е разочаран затоа што Македонија загуби од Швајцарија.
Не можеш да бидеш среќен кога тимот ќе загуби. Но, Швајцарија е голема фудбалска сила и нема предавање, одиме натаму со главата горе. Нѐ очекуваат уште три натпревари во низа и одиме да го дадеме максимумот. Што се однесува до мојот настап, прекрасно е да се носи дресот на А репрезентацијата на Македонија”, изјави Матеј Гаштаров.
Извор: sportmanija.mk


