Дунав се излеа од коритото и стигна до зградата на унгарскиот Парламент

September 20, 2024
1 min read

Главниот град на Унгарија се подготвува за огромен воден бран што в сабота треба да го достигне својот максимум во Будимпешта – се очекува нивото на водата на Дунав да достигне 8,5 метри.

-Поради обилните дождови и поплавите, ситуацијата е критична во цела Централна Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната платформа „X“. Најголемата европска река, Дунав, веќе се излеа од коритото во Будимпешта и стигна до зградата на унгарскиот Парламент, јавуваат локалните медиуми.

Снимките и фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат надојдена вода околу зградата. И покрај сериозноста на ситуацијата, Орбан смета дека имаат доволно средства за борба против поплавите.

Градоначалникот на Будимпешта Гергели Карачони најави дека градот ќе употреби милион вреќи со песок за да се одбрани од поплави, кои, според него, може да бидат една од најлошите во изминатата деценија, а 10.000 вработени и 15.000 волонтери се ангажирани за подготовка и одбрана од поплавите во главниот град.

-Овој период е најтешкиот дел… ќе трае околу една недела или осум дена од денеска, рече тој, додавајќи дека врвот на бранот поплави на јужната граница се очекува да помине надвор од унгарската територија следниот четврток.

Најголемите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари.

Во европските земји досега животот го загубија 20 лица, а Унгарија со денови се подготвува за најлошото. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги одложи сите свои меѓународни обврски и го посети населението на градот неколку десетици километри оддалечен од Будимпешта за да ги следи подготовките за одбрана од поплави додека бурата Борис уништува се пред него.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Со Вреди во Владата веќе нема вработувања за Албанците

Следно

Борел следната недела со лидерите на Западен Балкан

Latest from Blog

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста

Вечерва градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Ханука, празникот на светлината, надежта и истрајноста. Настанот беше можност уште еднаш да се потврдат вредностите на слободата, верската толеранција и

Бојкоски: Обезбедени дополнителни средства за шампионскиот РК Еурофарм Пелистер

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, соопшти дека се обезбедени дополнителни 7.000.000 денари финансиска поддршка за РК Еурофарм Пелистер. „Битола стои зад шампионот“, објави Бојкоски, нагласувајќи дека средствата се предложени

Омерагиќ: ФИФА останува стратешки партнер на македонскиот фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба меѓу раководството на Фудбалската федерација на Македонија и Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани
Go toTop