Русија евакуира две населени места во Курск каде што продолжуваат борбите со украинските војници

1 min read

МОСКВА (АА) – Денес Русија најави евакуација на две населени места во јужниот регион Курск, каде што од 6 август се водат борби со украинските војници, известува Анадолу.

Гувернерот на Курската Област, Алексеј Смирнов, на социјалната мрежа Телеграм објави дека населбите Рилское и Комутовское, кои се наоѓаат во зона на 15 километри од Украина, се предмет на задолжителна евакуација.

Смирнов информираше дека локалната администрација ќе ја координира евакуацијата заедно со органите на редот и народната милиција.

Гувернерот побара од жителите да се однесуваат со разбирање кон ситуацијата и да ги следат препораките на надлежните.

Борбите во областа Курск продолжуваат, каде што украинските сили извршија пробив на 6 август, а продолжуваат и во Источна Украина, каде што Русија вели дека војуваат на неколку фронта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец

Следно

Фудбалерите до 15 години подобри од Ерменија на турнирот во Молдавија

Latest from Blog

Разгорување на огнот

Израелското разузнавање користело компанија за да достави комуникациски уреди наместени со експлозиви до милитантната група Хезболах,