Ердоган призна дека одговорот на властите по земјотресот не бил толку брз

February 10, 2023
1 min read

Преживеаните во погодените територии силно го критикуваат шефот на државата за бавната испорака на помошта

ФОТО: EPA-EFE/MURAT CETINMUHURDAR/TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFICE

Одговорот на турските власти на големите земјотреси во југоисточниот дел на земјата не е толку брз како што сакаше владата, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган при посетата на провинцијата Адијаман, која исто така беше погодена од земјотресите во кои загинаа повеќе од 22 000 луѓе во Турција и Сирија.

„Потресите погодија толку многу згради што за жал не можевме да интервенираме толку брзо како што се надевавме. Во тој период можеби имаше пропусти, технички проблеми, но ние сме со нашето население со сите наши ресурси“,

рече Ердоган.

Тој рече дека Турција го формирала можеби најголемиот спасувачки тим во светот со 141 000 спасувачи.

Преживеаните во погодените територии силно го критикуваат шефот на државата за бавната испорака на помошта.

Речиси 22 000 лица беа пронајдени во урнатините за време на петдневната потрага во веќе најразорниот земјотрес што ја погодил Турција од 1939 година, кога загинаа 33 000 луѓе.

Турција во понеделникот беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени. Подоцна следеа земјотреси со помала јачина. 

Спасувачите сè уште трагаат по преживеани под урнатините, додека десетици илјади луѓе на минусни температури ги поминуваат деновите во импровизирани засолништа, откако ги загубија своите домови.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алијанса ги предлага Фатмир Меџити за нов министер за здравство, Кренар Лога за правда

Следно

Светската програма за храна бара 77 милиони долари за помош на засегнатите од земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

Трамп: Издадов наредба да се пука и уништи секој брод што поставува мини во Ормутскиот теснец

Во објава на неговата мрежа Truth Social, тој тврдеше дека неговите „миночистачи во моментов го чистат теснецот“. „И наредив на американската морнарица да пука и убива секој брод, без разлика колку е

Македонска берза: Комерцијална банка и Алкалоид ја предводеа ликвидноста, МБИ10 порасна за 0,17%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Промет од 10.408.946 денари, со доминација на банкарски и фармацевтски акции во сесијатаИзготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје

Проданоски од Париз: Нови идеи за електрични автобуси и одржлива мобилност

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Проданоски, информираше дека учествувал на работна посета во Париз, каде што се реализирала размена на искуства во рамки на платформата за еколошки автобуси и одржлив возен парк.
Go toTop