ПОЧИНА АКАДЕМИК БОЈАН ШОПТРАЈАНОВ, КОМЕМОРАЦИЈАТА Е ЗАКАЖАНА НА 16 СЕПТЕМВРИ

August 15, 2024
1 min read

Академик Бојан Шоптрајанов почина на 10 август на 87 години, сооппти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Погребан е на 11 август, а комеморацијата е закажана на 16 септември во 12 часот во МАНУ.

Академик Шоптрајанов основно и средно образование завршил во Скопје, Велес и во Белград. Во 1955 се запишал на Групата за хемија, на тогашниот Природно-математички оддел на Филозофскиот факултет во Скопје. Студиите по хемија ги завршил во 1960, на Природно-математичкиот факултет во Скопје како најдобар дипломиран студент од својата генерација на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

По дипломирањето е избран за асистент на тогашниот Технолошки оддел на Техничкиот факултет во Скопје, а во 1962 е избран за асистент на Природно-математичкиот факултет. Во 1964 се запишал на постдипломски студии на Универзитетот „Индијана“ во Блумингтон, Индијана, во САД, а во 1965 магистрирал со одбрана на магистерската теза од областа на спектроскопијата.

По враќањето од САД продолжува да работи на полето на инфрацрвената спектроскопија, и во 1973 година ја одбранил докторската дисертација на тема „Спектроскопско испитување на кристалохидрати со посебен осврт на спектарот на водата. Системи со мошне ниски НОН-фреквенции“. Во 1969  е избран за доцент, во 1975  за вонреден професор, а во 1981  за редовен професор на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот во Скопје. Бил продекан за настава и наука на Хемискиот факултет и проректор за настава и наука на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Академик Шоптрајанов држеше извонредно квалитетна и модерна настава по физичка хемија, но и по многу други предмети како Радиохемија, Историја на хемијата, Спектроскопски примени на теоријата на групи, Спектроскопски методи за определување на молекулски структури и Методологија на научноистражувачката работа по хемија“, велат од МАНУ.

Има објавено повеќе од 200 статии во научни списанија (од кои две третини надвор од Македонија), а на научни манифестации презентирал повеќе од 350 пленарни и секциски предавања и други соопштенија (близу половината надвор од нашата земја). Има објавено и три монографии со научно-стручен карактер, пет монографски изданија со системски карактер, а автор е на четири универзитетски учебници, односно учебни помагала. Особено значајни се неговите дваесетина учебници/учебни помагала за средното образование, со кои ги постави основите на модерната настава по хемија во овој степен на образованието.

Неговите позначајни трудови се однесуваат на спектроскопското изучување на кристалохидратите и за спектроскопските и термодинамичките својства на петчлените хетероциклични молекули, како и на проблемите во областа на образованието. Иако резултатите од истражувањата на академик Шоптрајанов во областа на структурната хемија, според својот карактер се, главно, фундаментални и придонесуваат за збогатување на светскиот фонд на знаења, дел од нив имаат и конкретна примена, особено во медицината.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Би-би-си повторно покажа дека знае да удене избор на репотрер

Следно

Израелците протестираа во Тел Авив и Ал Кудс барајќи договор за размена на затвореници со Палестинците

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop