ЦУК: Вкупно 37 пожари на отворено вчера, 10 се активни

August 13, 2024
1 min read

Вкупно 37 пожари на отворен простор низ државава се регистрирани во текот на вчерашниот ден. Од нив, 10 се активни, шест се под контрола, а 21 е изгаснат, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното, активен е пожарот во општина Македонски Брод, каде гори борова шума. Во општина Пехчево, на територија на село Негрево, гори мешана шума. Во општина Новаци гори ниска вегетација. Нискостеблеста вегетација е опожарена во општина Ресен, на Галичица, се шири во правец на врвот „Магаро“ кон Стење, од охридска страна. Борова и букова шума горат во општина Кичево, меѓу селата Патеец и Козичино. Вториот пожар во општина Кичево е меѓу селата Челопеци и Бигор Доленци, а третиот кај Зајас и Горно Строгомиште – и во двата гори мешана шума. Последниот во оваа општина, сѐ уште активен, е кај село Туин, каде гори дабова шума. Во општина Пласница гори нискостеблеста вегетација. Дабова шума е опожарена во општина Кочани, на територија на село Пресека.

Од пожарите под контрола, се додава во соопштението, едниот е кај ТЕЦ „Неготино“, опожарена е сува трева. Вториот е на територија на општините Демир Хисар и Охрид, каде опожарена е ниска вегетација. Третиот е во општина Чашка, опожарена е мешана шума. Две депонии биле запалени, на територија на општините Делчево и Липково. Последниот пожар под контрола е на градската депонија во општина Кочани, горело ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Швајцарски министер: Русија треба да учествува на следната мировна средба за Украина

Следно

Заболени од Ковид има, простор за паника засега нема

Latest from Blog

Ново законско решение за поефикасна контрола на индустриското загадување

Собранието денеска го усвои Законот за контрола на индустриски емисии, со кој индустриските капацитети во земјава ќе мора да работат според најдобрите достапни техники (НДТ), како дел од усогласувањето со европските еколошки

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,
Go toTop