Изгаснати пожарите во липковско Матејче и во Жегљане, Старо Нагоричане

August 10, 2024
1 min read

Сува трева и стрништа гореле во липковското село Матејче и во село Жегљане во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во моментов нема активни пожари на подрачјето на поширокиот кумановски регион. Двата пожари се изгаснати. Во  Жрегљане со пожар биле зафатени и насади со орев и лозје на површина од 1, 5 хектари.

– Сите пожари на територија на општина Старо Нагоричане се изгаснати, вчера како и изминатите денови повторно имаше пожар во село Жегљане во близина на борови, се појави до патот, на граница со селото Степанце. Веднаш интервенираше ТППЕ Старо Нагоричане и пожарот беше ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Противпожарната единица на Старо Нагоричане се бори со пожарите и покрај недоволната опременост и бројност. Старо Нагоричане е мала општина по број на жители, но е распространета на поголема површина. Пожарникарите велат дека за нив е предизвик да се стигне од една локација на друга особено на повисоките планински места

– При појавување на пожар од поголеми размери на кој му помага ветерот, ние мора цела единица да мобилизираме од деветмина пожарникари. Последнава недела пожари имавме во Никуљане, Жегљане, Степанце последните пет дена секојдневно имавме пожари по еден или по два, изјави Трајковски.

При пожарите горела сува трева, ниска деградирана шума, гранки, друга вегетација.

– Апелираме треба да се внимава особено викендите, сабота и недела кога е поголема раздвиженоста и фреквенцијата, секој што ќе излезе дали до река или излетничко место, да внимава со отпушоците, правењето скара и останато, вели Трајковски. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Напад со дрон врз американски војници во Сирија, според првични информации нема повредени

Следно

Со бесплатни патувања Русија ја „купува“ љубовта на младите Молдавци

Latest from Blog

Главчев за МКД потврди дека е рекетираниот бизнисмен: Сакам да верувам во правда и дека конечно бандата на СЈО ќе се распадне

По седум години бизнисменот до детали се сети се денот, часот, датумот и годината на неговото приведување, но и на тоа дека обвинителката Стефанова е таа која постапувала по неговиот предмет во

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и
Go toTop